Македонија
7. May 2026 - 12:29

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија

Советот на Европа наскоро најавува решение за пресудите против Бугарија на Европскиот суд за човекови права. Генсекот на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава потврди дека се работи на решение кое треба наскоро да се имплементира, но нема да биде симболично.

За бројните пресуди против Бугарија за македонското малцинство, најави дека ова прашање ќе се разговара и на комитетот на министри. Шефот на македонскта дипломатија вели дека Македонија ги почитува сите одлуки на судот колку и тие да се тешки, но во однос на пресудите против Бугарија очекува дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата.