Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.
Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.
- Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.
Починатиот е од Скопје, од Аеродром (Ново Лисиче).
Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава.
Според директорот на Клиниката за инфективни болести, заклучно со денеска се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни.
- Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст. На Клиниката е хоспитализирано и помладо лице, од 25 години, рече Цана.
Вкупниот број излекувани и испишани пациенти е 19.
МИА
Ново на Сител
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
