Македонија
10. February 2024 - 16:40

УНЕСКО во контрола на Охрид

Мониторинг мисија на УНЕСКО овој месец доаѓа во инспекција на Охридскиот регион, за да види колку од зададените препораки се исполнети. Една од најважните е онаа за справување со дивоградбите за  која според екологистите и граѓанските активисти не е ништо преземено. Tие остануваат на ставот дека бројот на нелегални градби расте.

Реагираат и од Охрид СОС, тие посочуваат дека крајбрежјето е под засилен притисок од узурпирање и уништување, а институциите молчат. 

Институциите молчат, инспекциските служби ќе се прошетаат, ќе напишат нешто во извештаите и нема да преземат ништо.

- Се бара да не се појавуваат нови дивоградби, но на катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен - стои на фејзбук страната на Охрид СОС.

Активистите се се погласни, велат ниту една од 12-те препораки не е исполнета. Откако ќе се изврши увид на состојбите, експертите на Унеско ќе треба да донесат одлука дали Охридскиот регион ќе се најде на листата загрозено светско наследство.