Украинските власти информираа дека ја вратиле контролата на Змискиот остров
Украинските погранични власти информираа дека ја вратиле контролата на Змискиот остров стратешка точка во Црното Море
Малиот змиски остров стана синоним за украинскиот отпор во првите моменти на руските напади во февруари, минатата година кога укринските војници одбија да се предадат по повикот на Русите.
Украинските војници најавија дека наскоро, сино жолтото знаме ќе се вее и на Крим.
Бројот на загинати во шумскиот пожар на Хаваи се искачи на 89, а властите стравуваат дека ќе има повеќе жртви имајќи предвид дека стотици лица се уште се водат како исчезнати.
Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се враќаат во Западен Мауи, иако критичната зона во Лахаина остана затворена.
Официјалните лица предупредија дека од областите во кои тлее пожарот би можеле да доаѓаат и отровни испрарувања
Операциите за пребарување на теренот и продолжуваат и понатаму.
Повеќе од 2000 лица се евакуирани по налетот на тајфунoт Ханун во источниот дел на Русија. Како што јавува Ројтерс, поплавени се над 4000 куќи и други 6000 имоти, додека 43 патишта се целосно осечени во приморскиот дел на земјата на границата со Кина.
Засега нема информации за жртви.
Вонредна состојба е прогласена по големите поплави поради пукање на браната кај градот Спаск-Дални и обилните дождови по тајфунот.
Во близина на градот Усуријска тешко е оштетен граничниот премин со Кина, пишуваат локалните весници.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
