Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар

Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници.
Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели.
„Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи дека се преземаат мерки за справување со последиците.
Според снимките објавени на социјалните мрежи и во локалните медиуми, цел на нападот биле складишта на рускиот гигант за онлајн трговија „Вајлдберис“, лоцирани на Московскиот автопат.
Компанијата во последните денови е цел на украински напади. Во нападот што ноќта кон саботата беше извршен врз објект на компанијата во Котовск, во Тамбовската област, загинаа осум вработени.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека компанијата складира и испорачува компоненти наменети за производство на воена опрема.
МИА
Ново на Сител
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
