Македонија
4. September 2026 - 16:53

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка

Зголемувањето на ин витро обидите на државна сметка ја зголеми и надежта на семејства да добијат шанса за улогата родител. За една година дури 237 барања до Фондот биле за четврти, петти и шести обид за биомедицинско потпомогнато оплодување, што го немаше пред 2025 година кога трошоците беа покриени само за три обиди. За 12 месеци од 1883 барања:

-216 барања се за четврти обид

-17 барања се за петти обид

-4 барања се за шести обид

Зад секоја од овие бројки стои семејство кое добило уште една можност да продолжи таму каде што претходно системската поддршка завршувала.

Фондовската реформа не беше само во зголемување на обидите за ин витро на државна сметка туку и поедноставување на постапките.

-Постапката беше дополнително поедноставена со воведување електронска достава на известувањето за одобрено право на БПО, рокот за поднесување приговор беше продолжен од 8 на 15 дена, а осигуреното лице здравствените услуги за БПО ги остварува врз основа на известување од Фондот, без потреба од дополнителен упат од избран лекар – гинеколог од примарната здравствена заштита, стои во известувањето од Фондот.

Од Фондот велат дека во услови на сериозни демографски предизвици, намален наталитет и стареење на населението, секоја институција има обврска во рамките на своите надлежности да придонесе за создавање подобри услови за семејствата кои сакаат да станат родители.

Инаку за инвитро постапки извршени во осум здравствени установи со кои Фондот има склучено договори, во 2025 година се реализирани повеќе од 97,3 милиони денари.