Loading Video...
Свет
26. August 2023 - 16:33

Украински командант: Пробиена е руската одбранбена линија на јужниот фронт

Украинската армија објави дека ја пробиле најтешката линија на руската одбрана на југ. Ова ќе ни овозможи побрзо да напредуваме изјави командантот на силите кои се борат на југот на земјата. Украина започна контраофанзива во јуни, но добро зацврстената руска одбрана засилена со мински полиња го забави напредување на украинските сили на југ, кон Азовското море.  Руското министерство за одбрана информираше дека  укрианските сили го гаѓале регионот Белгород и дека во нападот била користена касетна муниција. Од таму соопштија дека 4 лице се повреднеи а неколкѕу куки се оштетени.

10 тела и црните кутии најдени на местото на авионската несреќа во која се претпоставува дека загинал шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.  Таа бројка одговара на бројот на патниците и членовите на екипажот наведени на манифестот на летот на  авионот, во кој беше и името на Пригожин. Во моментов се вршат ДНК-тестови за да се идентификуваат сите жртви, се вели во соопштението на рускиот Истражен комитет. Авионот се урна во средата во близина на Москва, предизвикувајќи шпекулации дека причината е бомба или проектил. Претседателот на Белорусија изјави дека  во последните два месеца два пати го  предупредил  Пригожин  дека е во опасност да биде убиен.

Лукашенко рече и дека борците на Вагнер остануваат во Белорусија и ке продолжат да ја обучуваат белоруската армија. Рускиот претсдеател  во мегувреме потпиша декрет , според кој платеничките групи, вклучително и Вагнеровци доколку сакаат да работат во име на војската или ја поддржуваат воената операција во Украина се обврзани да положат заклетва на верност  на Русија.

Шумските пожари што избувнаа пред една недела во различни делови на Грција се уште не се ставени под котнрола, но нивното дејство е намалено соопштија   тамошните власти. Грчките пожанриакри добија копнена поддршка од колеги од Србија кои од денеска активно делуваат на огнениот фронт во регионот Еврос.   Во пожарите загинаа 21 лице а стотици луѓе се евакуирани од своите домови. 

Франција ќе издвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка на производителите.. Се бележи пад на побарувачката за вино, бидејќи сѐ повеќе луѓе пијат пиво соопшти  владата. Поголемиот дел од 200 милиони евра ќе бидат искористени за откупување на вишок залихи, а алкохолот ќе се продава за употреба во производи како средства за дезинфекција на раце, производи за чистење и парфеми. 

Француската влада пари ќе предвиди и за лозарите за да се пренасочат кон друга дејност како на пример производство на маслинки.  Податоците на Европската комисија покажуваат дека годинава до јуни потрошувачката на вино е намалена за 7% во Италија, 10% во Шпанија, 15% во Франција, 22% во Германија и 34% во Португалија.

Официјални лица на Хаваи соопштија дека  338 лица  сè уште се водат како исчезнати повеќе од две недели по најсмртоносниот шумски пожар во САД во последните сто години што го опустоши туристичкиот град Лахаина. Бројот на загинати во пожарот што избувна на 8 авгсут е 115, но властите предупредуваат дека оваа бројка ќе се зголеми. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините.