Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници

Москва и Киев повторно извршија размена на тела на загинати војници во четиригодишната војна, соопштија украинските власти.
Украина добила 522 тела, додека Русија примила 33 тела, пренесува ДПА.
Од почетокот на 2025 година, Русија вкупно ги вратила посмртните останки на повеќе од 20.000 украински државјани, додека за возврат примила повеќе од 600 тела на свои војници.
Украинската армија се соочува со потешкотии при извлекувањето на телата на своите загинати припадници поради бавното, но континуирано напредување на руските сили на повеќе делови од фронтот.
Двете страни и натаму не објавуваат официјални податоци за своите загуби.
Според проценките, украинските загуби изнесуваат околу 190.000 загинати и исчезнати лица, додека руските загуби се проценуваат на повеќе од 350.000 загинати и исчезнати.
Обединетите нации проценуваат дека до мај годинава во војната загинале нешто повеќе од 16.100 цивили.
Украина се брани од целосната руска инвазија која започна во февруари 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
