УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност - образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 1.1.2026 - 31.3.2026 година и 1.3.2026 - 31.3.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 година (понеделник).
Според најновите податоци, од вкупно 42.605 очекувани пријави, досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71 % од вкупниот број очекувани месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави. Ги охрабруваме сите даночни обврзници да постапат одговорно и навремено да ја исполнат својата законска обврска, како и да ги достават сите потребни документи до своите сметководители со цел навремена, точна и ефикасна обработка на даночните пријави за наведениот период.
Со доследно почитување на роковите даночните обврзници активно ги минимизираат ризиците од казни и камати, обезбедуваат континуитет во финансиското планирање и ја зголемуваат предвидливоста во деловните процеси. Истовремено, навременото доставување точни ДДВ-04 пријави овозможува поефикасна и побрза обработка од страна на УЈП, со што се намалува административниот товар и се зајакнува усогласеноста со даночните прописи.
Управа за јавни приходи
Ново на Сител
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
