Македонија
1. May 2026 - 17:09

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава

Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук-страница, честитајќи го 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.

- Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат - се додава во објавата на премиерот.

Тој додаде дека државата се гради со труд.

- Продолжуваме заедно со посветеност и со верба - истакна Мицкоски на Фејсбук.

МИА