Македонија
1. September 2026 - 12:28

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Времето утре и задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

 

МИА