Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РСМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.
Во период од април до септември 2026 година, пријавениот во повеќе наврати побарал вкупно 17.500 евра од граѓанин што го пријавил настанот. Од вкупниот износ, 7.500 евра побарал и ги примил во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, побарал 10.000 евра за да го искористи своето реално влијание во постапка за јавна набавка која се наоѓала пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Неговата намера била, по враќањето на постапката на повторно одлучување во Царинската управа, да влијае врз изменување на критериумите во техничката спецификација во корист на правното лице.
На 10.09.2026, на претходно договорена средба, пријавениот го примил побараниот износ од 17.500 евра и потоа се упатил кон Тетово. Во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници се обиделе да го сопрат, но тој не застанал и со возилото удрил еден полициски службеник и службено возило, по што се дал во бегство. При тоа, преку прозорецот од совозачката страна исфрлил машка ташна во која биле парите. По кратко време, полициски службеници го сопреле возилото, а Џ.И. бил лишен од слобода.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
