Ученици во Јапонија доброволно го изучуваат македонскиот јазик и македонската култура

Професор по англиски во Токио, Томоки Аојома, случајно ќе се запознае со македонскиот јазик и преку часови на интернет ќе ги научи основите на јазикот. Со тек на времето ќе го заинтересира македонскиот јазик, култура и историја и ќе формира македонски клуб. Денес цела група ученици во Јапонија го изучува Македонскиот јазик под менторство на професорот Аојома.
Професорот Томоки вели дека учењето одело исклучително тешко, но си голема помош од македонски граѓани кои му праќаат учебници и помагаат во изучувањето успеал да го совлада јазикот.
Во Токио во повеќе наврати организираа македонски средби каде имаа можност да дегустираат македонски деликатеси и македонски пијалаци. Во македонскиот клуб се учат и македонски ора и македонски песни а омилена песна на сите ученици е ,,Македонско Девојче”
Групата ученици заедно со професорот Аојома во повеќе наврати беа гости и во македонската амбасада во Токио а се надеваат дека ќе добијат прилика да ја посетат Македонија.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
