Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор

На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(40) од Куманово. Тој осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на четири години и седум месеци од казната.
На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(31) од Куманово. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување на една година и шест месеци од казната.
Двајцата биле спроведени во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
