Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама

Поранешниот кошаркар на Феникс и Клиперс, Маркус Морис, е уапсен под обвинение за измама, објави „TMZ Sports“.
Според информациите, 35-годишниот Американец е обвинет за кражба на повеќе од 250.000 долари од казино во Лас Вегас.
Во мај 2024 година, Морис примил 115.000 долари од хотелот и казиното „MGM Grand“ користејќи фалсификувани чекови, а еден месец подоцна, на сличен начин украл 150.000 долари од казиното „Wynn Las Vegas“.
Морис беше уапсен на меѓународниот аеродром „Форт Лодердејл-Холивуд“ во неделата. Судот го отфрли барањето на неговите адвокати за кауција.
Морис нема играно натпревар од 2024 година. Неговиот последен НБА клуб беше Кливленд. Тој одигра 834 натпревари во текот на својата кариера, постигнувајќи просек од 12,0 поени, 4,4 скока и 1,5 асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
