Уапсен Џастин Тимберлејк

Музичарот и актер Џастин Тимберлејк (43) е уапсен од полицијата во вторникот поради возење под дејство на алкохол, јавуваат странските медиуми. Тој беше обвинет дека возел пијан во Хемптонс, Њујорк, а полицијата го приведе откако не застанал на знак за стоп.
Извор изјави за Page Six дека Тимберлејк не бил препознаен од полицаецот што го уапсил.
– Тој е многу млад, не знаеше кој е Тимберлејк. Не го знаел ниту името, ниту тоа лице – рекол изворот. Друг извор тврди дека Џастин во моментот кога бил уапсен почнал да зборува за неуспехот на целата негова турнеја, пренесува Daily Mail.
– Си рече: „Ова ќе ја уништи турнејата“. Полицаецот го прашал каков вид на турнеја, а Џастин рекол: „Па, светската турнеја! – изјави изворот.
Според судските документи до кои дојде АП, полицаецот веднаш се посомневал дека познатиот музичар бил под дејство на алкохол.
– Очите му беа крвави и стаклени, од устата се чувствуваше силен мирис на алкохол, не можеше да се концентрира, зборуваше полека, губеше рамнотежа – се наведува во документот. Во нив пишува и дека Тимберлејк се бранел и тврдел дека испил само едно мартини и дека следел некои пријатели дома.
Тој следно ќе се појави на суд на крајот на јули.
Ново на Сител
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
