Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
Охрид подготвен за бројните гости кои одмараат на брегот на езерото.Овој продолжен викенд за Илинден се очекува рекордна посетеност и максимална исполнетост на сместувачките капацитети.Службите се на терен и се грижат за редот ,чистотата но и безбедноста.На најфреквентните места во центарот на градот ,плажите ,бројните концерти кои овој период се одржуваат но и во приградските населби има засилени полициски патроли.
Македонски и српски полициски службеници заеднички патролираат во Охрид, каде во текот на летната туристичка сезона традиционално престојуваат голем број гости од Србија.
Минатогодишното искуство покажа дека туристите секојдневно им се обраќале на мешаните патроли за информации, помош и пријавување проблеми. Инаку заедничките патроли во Охрид ќе работат до 31 август.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
