Тужба за дискриминација поради учебниците
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници во основното образование. Одлуката била донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата,
Членот на Комисијата, Весна Бендевска најави дека наскоро се очекува да биде поднесена тужбата во која ќе се знае што се ќе содржи, а на судот понатаму останува да го закаже првото рочиште.
Во однос на претставките на граѓаните со бугарска самосвест, Бендевска рече дека значително се намалени, но во пораст бил бројот по други дискриминаторски основи.
Од формирањето на комисијата досега имало околу 850 претставки или статистички оваа година до крајот на септември комисијата работела на 430 за разлика од минатата година кога вкупниот број на пртеставки за 12 месеци бил 320.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
