Македонија
17. March 2024 - 16:31

Туристите од Холандија и годинава доаѓаат во Охрид

15 илјади туристи од Холандија и Англија преку ТУИ и оваа сезона  ќе одмараат на брегот на Охридското Езеро. Потврдени се чартери за месец мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања.Од Велика Британија се најавени два чартера неделно од Манчестер до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Охрид и овој викенд е исполнет со гости а поголема раздвиженост се очекува од крајот на април и почеток на месец мај.Туристите најмногу се задоволни од храната, богатата култура и историја и гостопримството на домаќините, а најчесто забалежуваат на квалитетот на понудата и инфраструктурата.

Според туристичките работници ефектот од субвенционирањето од 2011 година наваму покажал позитивни резултати а доказ за тоа е зголемениот интерес за летување во нашите туристички центри.