Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе

Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци.
Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода.
Исто така, се препорачува зголемување на консумирањето овошје и зеленчук, претпочитање храна богата со растителни влакна како што се интегрален леб, овесни снегулки и булгур, како и консумирање десерти и сладоледи на база на млеко и овошје наместо висококалорични печива.
Наместо чај, кафе и газирани пијалаци, се препорачува избор на напитоци како што се полумасно млеко, обично млеко и овошен сок за да се задоволат потребите за течности. На граѓаните им се советува да не консумираат храна што се продава на отворено.
Во врска со појадокот, тој треба да содржи сирења со ниска содржина на масти, маслинки и свеж зеленчук. Овошните сокови и билните чаеви како липа и шипка треба да имаат предност во однос на напитоците со кофеин, советува турското Министерство за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
