Македонија
1. August 2026 - 11:29

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО

На 31.07.2026 околу 23:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по Оперативен план за спречување, откривање и фаќање на лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Блаце,  поточно на граничната линија помеѓу с. Блаце и Хани Елезит, од слобода ги лишија Н.Б.(27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од с.Блаце. 

Тие биле затекнати додека товарале криумчарена стока нелегално внесена од Косово во товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки. Возилата и стоката се одземени, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.