Три лица загинаа во експлозија до кафуле во центарот на Москва

Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи.
„Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР.
Истражниот комитет соопшти дека се утврдува точниот број на жртви и околностите на инцидентот.
„Во врска со инцидентот што се случи во зградата на Кудринскиот плоштад во Москва, истражителите и криминолозите од Главната управа на Истражниот комитет работат на лице место. Во тек е увид“, се наведува во соопштението.
Помошникот министер за здравство Алексеј Кузњецов изјави дека на повредените им била укажана медицинска помош.
„Жртвите од експлозијата во ресторанот во Москва ја добиваат сета потребна медицинска нега“, им изјави тој на новинарите.
Полицијата претходно наведе дека експлозијата се случила до летната бавча на кафуле кое се наоѓа во близина на еден од седумте облакодери од ерата на Сталин на Кудринскиот плоштад во Москва.
МИА
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
