Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци.
Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во една банка во Скопје да поднесе барање и да подигне кредит во износ од 900.000 денари, користејќи фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и фалсификувана кредитна документација.
Лицата биле лишени од слобода во моментот на обработка на документацијата во банката, а во координација со дежурен јавен обвинител биле изведени пред судија на претходна постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
