Македонија
15. February 2023 - 16:35

Трет ден расправа за разрешувањето на Беким Сали, нема рок до кога ќе трае

Пред речиси празна собраниска сала, но и со често отсуство на премиерот Ковачевски поминува третиот ден дебатата за реконструција на владиниот кабинет поради влезот на Алијанса во власта. Иако пратениците се уште се на првата точка  - разрешување на Сали од редовите на Алтернатива, опозициската ВМРО-ДПМНЕ главно го напаѓаше премиерот Ковачевски и неговите политики.

Од Беса пак, со критика за тоа како Алијанса влегла во коалиција со СДСМ и ДУИ иако досега постојано обивнува дека не работат добро.

Од Социјалистичката партија пак, со оценка дека реконструкцијата нема смисла во услови кога владите на Заев и Ковачевски не дале никаков резултат.

Проценките се дека разрешувањето на старите и изборот на новите министри и заменици согласно договорот Таравари Ковачевски ќе се случи дури идната недела. Се уште нема ни точна бројка на пратеници со која располага власта за поддршка на овој кабинет.