Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите

Ужасните снимки на кои се гледаат илјадници мигранти како ја преплавуваат шпанската енклава Сеута се предупредување за тоа што може да им се случи на Соединетите Американски Држави ако демократите се вратат на власт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“.
Запомнете ги овие снимки. Тоа ќе бидеме ние по три години, доколку победи погрешната страна – истакна Трамп.
Ако демократите победат на изборите, вашиот живот нема да биде многу спокоен – додаде Трамп во пораката што на социјалната мрежа Х ја сподели репортерката Џеки Хајнрих.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс испрати слична порака.
Снимките од Шпанија се трагичен потсетник за последиците од масовната миграција и глобалистичките политики на радикалната левица, која допушти упад на мигранти во западните земји – напиша Венс на Х.
„Фала му на Бога што Доналд Трамп беше избран и што нашата граница повеќе не личи на тоа што беше претходно“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
