Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му вети на секој полнолетен американски граѓанин исплата од 5.000 долари доколку Републиканците ја задржат контролата во двата дома на Конгресот на изборите во ноември.
- Значи, ако Републиканците победат, вие победувате со нас и добивате 5.000 долари – рече Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас. Тој додаде дека исплатата ќе се нарекува „дивиденда на Трамп“.
Трамп изјави дека исплатата ќе се изврши доколку Републиканците ги зачуваат своите мнозинства во Сенатот и во Претставничкиот дом. Со повеќе од 245 милиони полнолетни лица во Соединетите Држави, предлогот според груби проценки би чинел повеќе од 1 трилион долари, односно речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата.
Поради тоа, мерката за вакви исплати се чини малку веројатна да биде политички или финансиски остварлива во Конгресот.
Идејата за директни исплати до американските граѓани не е нова. Трамп минатата година предложи исплата од 2.000 долари, но не продолжи со реализација на тој план. Парите требаше да им се дадат на луѓето од дел од приходите од американските царини, при што лицата со повисоки приходи беа исклучени.
На 3 ноември американските гласачи ќе избираат приближно една третина од Сенатот и целиот состав на Претставничкиот дом. Партијата на претседателот вообичаено губи места на ваквите избори. Со оглед на тоа што Републиканците имаат само тесно мнозинство, особено во Претставничкиот дом, републикански пораз таму се смета за веројатен.
Трамп го оправда своето ветување од 5.000 долари укажувајќи на она што го опиша како огромен успех на американската економија. Тој ја спореди исплатата со шема за поделба на добивката во компанија и рече дека парите ќе мора да се потрошат во САД.
МИА
Ново на Сител
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
