Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт.
Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот сообраќај низ блокираната Ормуска Теснина.
„Тие водеа целодневни преговори“, изјави Трамп за преговарачите во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека Ормус „ќе биде отворен многу скоро“.
Сепак, тој упати и предупредување до Иранците, дека „доколку повторно се повлечат, ќе бидат погодени многу силно“.
Американскиот политички портал „Аксиос“, повикувајќи се на два регионални извори и американски претставник, објави дека САД и Иран се приближуваат до привремен договор за повторно отворање на Ормуската Теснина, во согласност на Оман кој контролира дел од акваторијата.
Иранските државни медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, соопштија дека евентуалниот договор со Оман ќе биде одложен „додека САД продолжуваат со заканите кон Иран“.
Ормуската Теснина е една од најважните светски поморски рути низ која вообичаено се транспортираат околу петтина од глобалните количини на нафта и течен природен гас.
Техеран долго време бара поголема контрола врз пловидбата низ Теснината што, според Иран, треба да биде управувана заедно со Оман што се наоѓа на спротивниот брег.
Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека разговорите со Оман за транзитот низ Теснината се „позитивни“ и продолжуваат, со фокус врз воспоставување безбедни поморски коридори.
Меѓународната поморска организација на ОН соопшти дека од почетокот на војната на 28 февруари се регистрирани најмалку 17 загинати морнари во 64 инциденти поврзани со Ормуската Теснина.
МИА
Ново на Сител
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
