Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека повторно ќе го „удри Иран многу силно“ ако не ги запре своите сојузници во Либан.
Заканата на Трамп се однесува на Хезболах, проиранска паравоена група која со месеци разменува оган со Израел.
– Иран мора веднаш да ги запре своите скапо платени СОЈУЗНИЦИ во Либан кои предизвикуваат проблеми. Ако не го сторат тоа, ние повторно ќе го удриме Иран многу силно, исто како што направивме минатата недела, само посилно!!!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Иран објави дека ситуацијата во Либан, каде што израелската армија врши речиси секојдневни напади врз Хезболах, ќе биде главна тема на денешните разговори со САД во Швајцарија.
– Ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан. Ова прашање ќе биде главна тема на денешната дискусија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи.
Израел тврди дека нема ограничувања за неговите сили при „елиминирање на заканите“ во Либан.
Ирзаелскиот министер за одбрана Ирзаел Кац рече дека војниците можат да дејствуваат „без никакви ограничувања“ за да „отстранат заканите“ во Либан, потврдувајќи дека ќе останат на југот од земјата, територија што Израел ја нарекува „безбедносна зона“.
Кац го изјави ова откако Иран предупреди дека нема да влезе во „фаза на преговори за конечен договор“ со Вашингтон ако не завршат непријателствата во Либан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
