Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека, според анкетите што ги добива, би можел да се кандидира за премиер на Израел врз основа на својата популарност, со порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е „добар човек“, а дека кон него не се постапува коректно.
– Во моментов сум на 99 отсто во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер. Можеби по ова ќе заминам во Израел и ќе се кандидирам. Утрово имав анкета, 99 отсто. Тоа е добро – рече Трамп, пренесува „Фокс Њуз“.
Тој потоа истакна дека во Израел не се постапува „коректно и праведно“ кон Нетанјаху.
– Тој е добар човек. За мене тој е добар човек. Не заборавајте, тој беше премиер во воен период и, по мое мислење, не го третираат како што треба во Израел – рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
