Трамп најави нови разговори со Иран за денеска

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран.
Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон.
Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА.
Трамп исто така повтори дека американската војска во последен момент се откажала од плановите за нов бран напади врз Иран по апелите од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Иран.
Планираниот напад „би бил најголемиот напад од Втората светска војна и би бил катастрофален за нив“, рече Трамп.
Трамп изјави дека ги откажал нападите откако американските сојузници му рекле дека договорот изгледа блиску. Иран исто така навестил дека сака да постигне договор, додаде тој.
Иран и САД во средината на јуни се договорија за рамковен договор со цел да се стави крај на војната што почна во крајот на февруари.
Понатамошните детали требаше да се разработат во текот на 60-дневен преоден период, иако сомнежите за одржливоста на договорот се појавија уште од самиот почеток и двете страни оттогаш извршија повеќекратни големи напади.
Трамп во саботата рече дека го суспендира новиот бран напади бидејќи биле договорени „рамките на договорот“.
Досега нема потврда од Иран дека договорот е блиску, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
