Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран.
Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушал (Truth Social).
Трамп рече дека процесот треба да биде надгледуван од Комисијата за атомска енергија или нејзин еквивалент. Првично беше нејасно дали тој мисли на американска агенција или можеби на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со седиште во Виена, пренесе ДПА.
Иднината на резервите на Техеран од речиси 400 килограми високо збогатен ураниум е клучна точка на сопнување во преговорите. Трамп во саботата изјави дека рамковниот договор е главно договорен.
Израел и САД заеднички влегоа во војна против Иран на 28 февруари.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека тој и Трамп во телефонски разговор претходната вечер се договориле дека секој конечен договор со Иран мора да ја елиминира нуклеарната закана.
-Тоа значи дека капацитетите за збогатување ураниум во Иран ќе мора да бидат демонтирани, а неговите резерви на високо збогатен ураниум да бидат отстранети од земјата – рече Нетанјаху.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
