Loading Video...
Свет
26. May 2026 - 16:32

Нови напади САД - Иран среде преговори

Среде мировни преговори и прекин на огнот, американската војска  синоќа изврши воздушни напади врз цели во Јужен Иран. Централната команда на војската на Соединетите Држави  соопшти дека биле погодени ракетни позиции, како  и два ирански воени брода  во близина на Ормутскиот  Тeснец кои требало да постават  мини во стратешкиот воден пат.

Овие акции беа преземени во самоодбрана за заштита на американските трупи од заканите шти ги претставуваат  иранските сили .Американска војска, во рамките на актуелното примирје, дејствува воздржано но ги брани своите сили истакна порпаролот на командата Тим Хокинс. Иранската револуционерна гарда соопшти дека го задржува правото да одговори на какво било кршење на примирјето од страна на САД кое е во сила од април. Објави дека соборила американски дрон и дека пукала  кон борбен авион Ф35 што влегол во иранскиот воздушен простор. Американскиот државен секретар јасно стави  до знаење дека и покрај воената ескалација, и натаму смета дека  договор за крај на  тримсечната војна  е можен. 

- Мислам дека нашата позиција е добро наведена. Претседателот имаше многу важен, мислам, историски разговор пред само неколку дена со голем број лидери од регионот. Мислам дека постои силна усогласеност и договор за тоа како треба да изгледа прелиминарниот нацрт. Ќе бидат потребни неколку дена, за да се решат несогласувањата дури и за еден збор, реченица. Значи, ќе мора да го надминеме тоа. Ако има договор, ќе мора да го надминеме тоа. Но, ова е, знаете, или ќе биде добар или нема да има договор изјави Марко Рубио, државен секретар на САД. 

 САД уште еднаш покажа зоШто Иран не им верува. Додека  преговорите напредуваат, одлучија да нападат реагира владата во Техеран. 

- „Со доверба и во нашите вооружени сили на терен и во присуството на луѓето (на улиците), а исто така и со доверба во нашиот дипломатски тим, особено во присуството на д-р Калибаф (врвниот преговарач на Иран во разговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф), кој со години беше воен командант и е добро запознаен со областа на дипломатијата, се надеваме дека патот што се избира и одлуките што се донесуваат ќе им служат на интересите на иранскиот народ и ќе доведат до траен мир во регионот. На крајот, со Божја волја, регионот ќе биде ослободен од оваа состојба на нестабилност, Фатеме Мохаџерани, портпарол на иранската влада. 

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, во мегувреме порача дека   нема простор за присуство на Америка во регионот“, додавајќи дека Соединетите Американски Држави„сè повеќе се оддалечуваат од својата поранешна позиција“ и повеќе немаат безбедно упориште за воено присуство на Блискиот Исток.