Трамп: Иран контактираше со нас, очајнички сакаат да постигнат договор

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели.
„Се јавија пред извесно време. Толку очајнички сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер форс еден“ при враќањето во САД од самитот на НАТО во Анкара.
Неговите изјави следуваат откако американската армија соопшти дека погодила повеќе од 90 ирански воени цели. Трамп за нападите рече дека биле „одмазда“.
Американскиот претседател на враќање од Турција накусо се задржа во Велика Британија, каде што го промени авионот во базата на Кралските воздухопловни сили Милденхол во Сафолк, продолжувајќи го патувањето со новиот авион „Ер форс еден“, што му беше подарен од Катар.
Трамп претходно ги отфрли тврдењата дека одлуката да користи постар авион при заминувањето од Турција била поврзана со безбедносни закани.
На прашањето дали е запознаен со веродостојни закани кон неговиот авион, американскиот претседател рече дека постојано се соочува со закани.
„Постојано ми се закануваат. Јас сум број еден на нивната листа“, изјави Трамп.
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
