Македонија
20. January 2024 - 16:31
Традиција за рибарите
Традицијата во Охрид продолжи. Со капење во водите на Охридското Езеро кај Сараиште охриѓани го одбележаа Денот на рибарите. Во студените води заплива и фаќачот на крстот двaесет и девет годишниот Никола Јакимоски со тајфата придружувани и од други верници.
Охриѓани раскажуваат дека порано, во времето кога било забрането фрлање на светиот крст за Водици, тоа го правеле во раните утрински часови на Свети Јован Крстител.
Градоначалникот Пецаков истакна дека Охрид живее за традицијата и тоа го одржува духот на градот низ вековите.
Уникатната манифестација со традиционалното капење беше надополнета и со плашици, пача, греана ракија и вино.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
