Тошковски: Запленети 680 килограми стебла канабис, одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе успешна, подолготрајна оперативна акција со која е спречено производство и пуштање во промет на поголема количина марихуана, а лицата директно инволвирани во процесот се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање по дијалог-сесијата на Националната конвенција за Европската унија, за полициската акција во која се одземени 680 килограми стебла канабис.
– Станува збор за акција којашто се работи во еден подолг период од страна на Секторот за внатрешни работи Струмица. Морам да им се заблагодарам на полициските службеници коишто неколку неколку денови спиеја на нива, за на крајот да дојдат до овој резултат, којшто на крајот ќе нè доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Станува збор за доста поголема количина на марихуана којашто била одгледувана на територија на СВР Струмица. За повеќе детали очекувајте информација од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден, а јавното обвинителство секако и судот, заради тоа што ова ќе биде постапка којашто ќе се спроведе итно од страна на јавното обвинителство согласно информациите коишто ги имам. Ова е уште еден доказ дека Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност се посветени на максимално разкривање и соодветно процесуирање на секаков тип на кривични дела, особено кривични дела коишто се поврзани со пуштање во промет, производство на наркотични дроги - изјави Тошковски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали полицијата досега немама сознанија за канабисот, министерот нагласи дека полицијата постапила веднаш по добивањето на оперативните сознанија.
– Полицијата во моментот кога ги добила информациите, постапила согласно нејзината надлежност и слободно можам да кажам дека во овој случај имаме една доста успешна акција којашто оперативно е моментално спроведена од страна на Секторот за внатрешни работи Струмица. Дрогата е детектирана, обезбедена, лицата коишто биле директно вклучени во рамки на процесот на производство и пуштање во промет на истата се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Добро ќе беше во минатото да биле спроведувани повеќе вакви постапки, тогаш немаше да се соочуваме со оваа девијација во којашто сме. А реакцијата во конкретниов случај е апсолутно навремена и факт е дека таа дрога нема да заврши на нашите улици, нема да дозволиме да се најде во ничиј дом - рече Тошковски.
Претходно МВР информираше дека е откриена нелегална плантажа на канабис во Струмичко, при шти биле одземени 680 килограми стебла и од слобода биле лишени две лица
-СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.М.(34) и А.Т.Г.(30), двајцата од општина Ново Село, поради постоење на основи н сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик - соопшти МВР.
По претходен меѓусебен договор, во сокриен дел од парцела на место викано „Матник“ во атар на село Секирник, струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис.
Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица презеле повеќе службени дејствија и посебни истражни мерки со техничка поддршка од полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, при што биле обезбедени докази за поврзаност на пријавените во одгледувањето на засадените стебла канабис“, по што биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица.
Во службен разговор тие признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана.
-Од пријавените се одземени повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми. По поднесување на кривичната пријава, З.М. и А.Т.Г. биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица - додаде МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
