Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Инџиково и Бутел положи свежо цвеќе на спомен-обележјата посветени на припадниците на македонската полиција кои ги загубија животите во терористичката акција во кумановско „Диво Насеље“ во мај 2015 година.
Во знак на почит кон нивната жртва, министерот Тошковски им оддаде почит на осумтемина македонски херои – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои животот го положија во одбрана на државата и безбедноста на граѓаните.
Тошковски истакна дека нивната храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината остануваат траен симбол на чест и достоинство.
„Овој ден нè потсетува колку е висока цената на слободата, но и колку е силен македонскиот дух кога се брани државата. Наш долг е да се сеќаваме, да почитуваме и да ја чуваме вистината за нивната храброст.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи достоинствено да ја негува културата на сеќавање и почит кон загинатите припадници на македонската полиција кои своите животи ги вградија во безбедноста и стабилноста на државата.
Ново на Сител
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
