Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
- Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
