Тина Тарнер се враќа на сцената
На задоволство на милиони обожаватели ширум светот, легендарната поп-дива Тина Тарнер го прекрши ветувањето дека ќе се збогува со естрадата, што го даде откако го загуби својот син и се повлече од сцената.
Нејзиното спектакуларно враќање ќе биде сосем соодветно – со преработка на нејзиниот голем хит „What Love Got Got To Do With It“ од 1984 година, во соработка со надежниот норвешки продуцент – ди-џеј Кајго. Самиот тој ја објави веста на својот Инстаграм-профил, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.
„Се уште не ми се верува дека работам со Тина Тарнер и дека в петок секој ќе може да слушне како тоа звучи. ’What Love Got Got To Do With It’ е една од моите омилени песни на сите времиња и, се чини, ’нестварно’ е да се има можност да се работи со таков легендарен уметник“, напиша ди-џеј Кајго (28), во објавата.
Младиот уметник се прослави во областа на светската музика минатата година, со преработката на песната на Витни Хјустон – „Higher Love“, којашто постхумно ја одведе пејачката на познатата „Билборд хот 100“ листа.
Ново на Сител
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
