Талат Џафери ја презеде премиерската фотеља – вети дека ќе обезбедел фер и демократски избори
Талат Џафери седна во премиерската фотеља. По куса средба со Ковачевски, ја презеде функцијата премиер во техничката влада која во следните 100 дена треба да обезбеди фер и демократски избори. Стратешките определби на владата ќе ги продолжел а останува и заложбата за ероинтеграциите. Според најавите утре се очекува да се одржи и конститутивната седница за овој владин состав.
Изминатите две години не му биле лесни на Ковачевски, но вели донеле клучни одлуки и систем кој функционира. Од премиерската фотеља продолжува како предводник на кампањата на СДСМ. Иако се уште немало договор со ДУИ дали заеднички ќе предложат кандидат за претседател , поранешниот премиер му даде насоки на Џафери без разлика на политичката определба да работи во интерес на граѓаните.
Новиот премиер испрати порака и за своите соработници, нема да прифаќа никаков ултиматум, откако Азир Алиу како министер за информатичко општество се закани со оставка ако во собрание не поминат законите кои ги предложил.
За Џафери кој на првиот работен ден како технички премиер пристигна со владиниот мерцедес не му било битно возилото, можел да доаѓа и со приватно. но такви биле процедурите за обезбедување на највисоките државни позиции.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
