Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
Да се чува и негува македонскиот јазик значи да се биде верен на корените и историјата. Додека го говориме и штитиме, македонскиот јазик ќе биде жив - со мислите на Мисирков, Солев, Конески и бројни современици се одбележа Денот на македонскиот јазик – 5 мај. Денеска во ера на дигитализација, Институтот за македонски јазик одбележувајќи го денот повика на користење на кирилицата и создавање на текстови на македонски јазик.
Македонистите пак очекуваат примена на закон за македонски јазик со кој се гарантира и штити неговата употреба. На Катедрата за македонски јазик мисијата на истакнатите јазичари ја продолжуваат одвај 20тина студенти.
Во рамки на чествувањето, во Собранието пак беше одбележан и јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески.
Денот на македонскиот јазик 5 Мај официјално започнува да се одбележува во 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
