Македонија
5. May 2026 - 16:32

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?

Жалам што СДСМ коленичи пред туѓи национални интереси но добра вест е што на следните избори ќе заминат во историјата. Премиерот реагира на вчерашната изјава на опозицискиот лидер кој рече дека не чул дека Бугарија го негира македонскиот идентитет.

Филипче и денеска неколку пати праша, како ние сме загрозени од Бугарија повторувајќи дека официјална Софија не го негира македонскиот идентитет.

Минатата година термините македонски јазик и македонски идентитет на барање на бугарските претставници беше избришан од извештајот за напредокот кој Европската комисија го подготви за Македонија.