Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, нагласуваат од МВР.
Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М..
Од МВР нагласуваат дека за инцидентот се известени Центарот за управување со кризи, ЕВН и други институции, а на местото на настанот се упатени полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За свлечиштето претходно на Фејсбук објави групата „Во одбрана на Буњаковец“.
-Свлечиште на спојката на улица „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“ поранешен „Иво Лола Рибар“. Колапс на земјиштето под асфалтот до новото градилиште што работеше и на државен празник. Оштетена е целата инфраструктура - кабли за струја, телекомуникации... Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата - проценете сами, се наведува во објавата, во која е прикачено и видео од инцидентот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
