Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација

Од 21 до 30 ноември македонската сениорска кикбокс репрезентација ќе настапи на ВАКО светското кикбокс првенство за сениори и ветерани во Абу Даби, ОАЕ.
Нашата земја ќе настапи со 8 натпреварувачи во 9 натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски - Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, а во составот влегоа Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски.

На светското првенство учество ќе земат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет.
“Нашата репрезентација е супер подготвена и е составена од искусни и квалитетни борци, дел од најуспешните и докажани и дел од најѓладите сениори кој за првпат ке настапат на сениорско светско првенство. Од нив шест ќе настапат на ринг и двајца на татами борилиштата. Конкуренцијата е огромна, секој натпреварувач во својата категорија ке има од 13 до 28 противници. Ни претсојат тешки борби, но подготвеноста, квалитетот и мотивацијата во нашата репрезентација е голема и како и секогаш ќе атакуваме на светските медали.
Очекувам убав пат, успешно мерење и добар ждреб, а потоа да покажеме што знаеме и можеме. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди.“ - изјави Дејан Митровски - Урко, претседател на Кикбокс Маитаи ферација на Македонија
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
