-->
-->
Свекорот и свекрвата ја полиле со бензин и ја запалиле зашто „не родила наследник“
-->

Жена во Пакистан била полиена со бензин и запалена од страна на родителите на нејзиниот сопруг зашто три години откако се венчале таа не родила дете.
Како што соопшти полицијата, соседите чуле врисоци и дотрчале до семејната куќа каде што ја затекнале запалената жена. Таа набрзо била одведена во локалната болница.
Оттаму велат дека жената би била во многу полоша ситуација доколку не била однесена на доктор.
Локалните медиуми пренесуваат дека таа постојано била мета на критики од страна на родителите на сопругот зашто не им подарила наследник.
Полицијата ги уапсила родителите и уште две лица кои биле соучесници во злосторството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
