Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откако јас бев таму, истакна денеска во сведочењето студентката Теа од Штип, која во критичната ноќ во дискотеката во Кочани, пристигнала околу 1 часот по полноќ, заедно со пријатели.
На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената.
Во исказот пред судот, таа рече дека во текот на вечерта биле поставувани пиротехнички средства, при што таа реагирала кај своја пријателка дека се наоѓаат „премногу блиску“ до гостите. Додека снимала со мобилен телефон, забележала дека по околу една минута започнал пожар.
- Видовме искри и дека гори плафонот. Не го сфативме веднаш сериозно, но кога еден член од бендот повика да излеземе, тргнав кон излезот - наведе таа.
Според сведочењето, во моментот на евакуацијата настанала голема турканица, а зад неа се слушнала експлозија. Рече дека се заглавила меѓу влезната и излезната врата, по што почнала тешко да дише.
- Бев веќе во лежечка положба, беспомошна. Барав помош. До мене беше пријателот кого го држев за рака - рече таа и додаде дека обезбедувачот по име Стојанчо ја извлекол надвор, каде што ги чекале родителите.
Сведокот додаде дека и претходно, кога ја посетувала дискотеката, имало случаи на користење пиротехника, како и дека во локалот влегувала и додека била малолетна.
На прашање на судот дали кога била малолетна и одела во „Пулс“ и барале лична карта на влезот, рече „да" и дека во минатото не била сведок на полициски рации додека таа присуствувала во дискотеката.
На почетокот на судењето обвинителот рече дека за барањето на првообвинетиот за определување мерка куќен притвор ќе се произнесе или писмено или на следното рочиште.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето се наоѓа во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
