СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден

Со емотивна објава н Фејсбук, средното училиште „Здравко Цветковски-Гуц“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој вчера заедно со својот татко загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Меѓународниот аеродром Скопје.
Тие упатија сочувство до семејството, соучениците и сите кои ги познаваа.
-Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот. Во овие тешки моменти, нашето училиште упатува најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои ги познаваа. Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство. Нека почиваат во мир, стои во емотивната објава.
Ново на Сител
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
