Македонија
12. September 2026 - 18:24
Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта. Според последните податоци на картата издадена од МАНУ во далечната 95-96 година во охридско -струшкиот регион има 200 регистрирани локалитети додека ширум земјата преку 5 илјади но со новите истражувања бројката е далеку поголема.
Со дигитализацијата културното наследство ќе биде подостапно и поблиску до посетителите.
Археолозите сметаат дека само организирано системски може да се промовираат локалитетите и нашето богато културно и историско наследство.
По истражувањата на наколната населба Пенелопа во Охрид археолозите најавуваат следен проект археолошко истражување на архајската некропола од 6 век пред нашата ера во струшко Корошишта.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
