Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори кои студентите во блокада во Србија ги бараат од мај, е 99 отсто комплетна. Можни само уште некои измени во зависност од договорот. Тоа денеска за ТВ Н1 го изјави Алекса Симиќ, студент на Факултетот за политички науки.
Симиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција.
„На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот.
Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“.
„Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе кои немаат екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики“, рече Симиќ, пренесе Бета.
МИА
Ново на Сител
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
