Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер

Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа отворено писмо до Владата на Србија во кое бараат исполнување на две барања до 28 јуни 2025 година во 21 часот.
Првото барање е „во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија, Владата да испрати образложен предлог до претседателот на Република Србија за распуштање на Народното собрание, со цел распишување вонредни парламентарни избори до 21:00 часот на 28 јуни 2025 година“.
Второто барање е „Владата да апелира до Министерството за внатрешни работи да го запре наводно пријавениот собир во Пионирски парк во Белград до 21:00 часот на 28 јуни 2025 година, во согласност со член 18 од Законот за јавни собири, што се однесува на член 8 од истиот закон“, се нагласува во објавата на студентите на Инстаграм.
„Сегашната влада доби мандат од српскиот Парламент, што не ја одразува моменталната политичка состојба во земјата. Режимот покажа дека повеќе нема капацитет да ја води земјата низ најголемата социо-политичка криза во изминатите неколку децении“, наведуваат студентите во отворено писмо.
„В сабота, на 28 јуни, ќе се одржи собир во Белград, каде што очекуваме присуство на голем број незадоволни граѓани, а не можеме да ги предвидиме следните чекори на граѓаните по официјалното завршување на собирот.“
Студентите го објавија на Инстаграм целото писмо што синоќа го испратија до Владата на Србија.
„Се гледаме на Видовден. Ултиматум. Готово е кога ние ќе кажеме дека е готово“, се вели на крајот од објавата со порака дека повеќе информации ќе бидат објавени на сите официјални страници на студентите во блокада.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека надлежните органи се решени да спречат каков било облик на насилство на протестот најавен за Видовден (28 јуни), наведувајќи дека не сакаат интервенција, но дека ја сметаат за извесна поради пораките изнесени на студентските пленуми.
„Апсолутно сме решени, не сакаме, не се радуваме на интервенција, а знаеме дека ќе мора да има таква бидејќи на секој нивни пленум се дискутира за брутално насилство“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
