Македонија
24. July 2023 - 12:22

Струшката чаршија полека ја губи автентичноста

Урбаната и градежна експанзија во Струга се повеќе го намалува бројот на објекти кои претставуваа синоним за градот и атракција од минатото.Струшката чаршија го губи  ликот наместо нејзина соодветна ревитализација старите мермерни плочки се заменуваат со несоодветни материјали.Активистите бараат зачувување на автентичноста.

Најфреквентното шеталиште кое го посетуваат бројни туристи е небезбедно и целото со дупки.

Кејот на Охридското езеро и реката Црн Дрим се преплавени од висококатници и објекти кои го нагрдуваат ликот на градот.

Активистите сметаат дека старото струшко јадро мора да се заштити со посебен закон.